Оваа Политика за приватност ви дава информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате оваа веб-локација. Содржи информации за личните податоци што ги обработуваме, начинот на кој ги собираме личните податоци, нивната цел, периодот на чување на личните податоци, корисниците на личните податоци, како и вашите права во врска со личните податоци и вашето право да ја повлечете вашата согласност за обработка на лични податоци.
Конзорциумот на проектот се состои од следните седум меѓународни организации: Jugendagentur gGmbH (Germany), Association for Cultural and Educational Development YOUTH ON BOARD (North Macedonia), DIGITALNA INTELIGENCIA (Slovakia), Fighting Online Antisemitism (Israel), UDRUGA MLADIH ”MLADI U EUROPSKOJ UNIJI” (Croatia), Anthropolis Antropológiai Közhasznú Egyesület (Hungary), and ASOCIACION CULTURAL EUROACCION MURCIA (Spain)
КОНТРОЛЕР
Контролор на личните податоци што ги обработуваме преку веб-страницата е конзорциумот на лица вклучени во проект „Report Hate“ со број (2023-1-DE04-KA220-YOU-000166472).
Е-поштата info@youthonboard.com.mk е контакт за прашања во однсо на Политиката на приватност, каде можете да се обратите во случај на потреба за информации за Вашите права од областа на личните податоци.
Платформата е целосно анонимна, освен во случаи кога самиот корисник ќе го селектира соодветното копче кое сигнализира дека истиот бара да биде контактиран од страна на Конзорциумот кој работи на проектот. При селекција на соодветното копче за контактирање, гостинот на платформата сам внесува е-пошта на која сака да биде контактиран. Лични податоци што доброволно ни ги доставувате при дополнително контактирање од страна на Конзорциумот се:
• име и презиме;
• адреса на е-пошта;
• занимање;
• земја на живеење;
• регион на живеење;
• телефонски број за контакт;
• пол;
• IP адреса;
• Датум и време на барањето;
• Разлика во временската зона до средно време во Гринич (GMT);
• Содржина на барањето (конкретна страница);
• Пристапете до статус/шифра за статус HTTP;
• Количина на пренесени податоци;
• Веб-страница од која доаѓа барањето;
• Прелистувач;
• Оперативен систем и неговиот интерфејс;
• Јазик и верзија на софтверот на прелистувачот.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКАТА
Вашите лични податоци што ги доставувате по Ваш избор при комуникација која е на Ваше барање, ги обработуваме само заради постигнување на целите на проектото, а со тоа и целите за кои е формирана платформата.
Останатите лични податоци што ги давате ги собираме со цел да ја олесниме аналитичкиот процес за проектните цели.
КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Не ги споделуваме личните податоци што ги собираме со трети лица, освен со лицата вклучени во проектото и тоа на Ваше барање и согласност.
Преостанатите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен ако сме законски обврзани да го сториме тоа.
ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Податоците доставени на платформата ги чуваме се до постоење на платформата како таква.
ВАШИТЕ ПРАВА ПОВРЗАНИ СО ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вашите права во врска со обработката на личните податоци се следните:
• право да се биде информиран за обработката на личните податоци;
• право на пристап до лични податоци;
• право на корекција и бришење лични податоци;
• право да се ограничи обработката на личните податоци;
• право на приговор;
• право на поднесување барање до ЗЗЛП согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СОГЛАСТА
Имате право во секое време да ја повлечете вашата согласност за обработка на лични податоци со испраќање барање до нашиот службеник за заштита на лични податоци на погоре оставениот мејл. Согласноста се повлекува со е-пошта насловена „Report Hate – ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“. Во самата е-пошта е потребно да биде наведено името и презимето на лицето кои бара да се повлече согласноста за користење на лични податоци.
Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката што се засноваше на согласноста пред да биде повлечена.
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност може да претрпи одредени промени кои ќе важат од датумот на нивното објавување.
Kористиме колачиња за да го подобриме вашето искуство. Со кликнување на „Неопходни колачиња“ или со избирање „Одбиј“, се согласувате со нашата политика за приватност.