Често поставувани прашања (ЧПП)

Дали ви треба помош при поднесување на изјавата?

Наведете краток наслов за вашиот извештај. На пример: Говор на омраза, Расна омраза, Расизам или какви било термини што го опишуваат случајот во неколку зборови.

Подолу, во полето за опис, можете да поднесете посеопфатна изјава за инцидентот.

Внесете ја URL-адресата или веб-адресата на страницата каде што го најдовте случајот што сакате да го пријавите. Едноставно, копирајте го и „залепете“ го целосниот URL на објавата. Овие информации нѝ помагаат да го потврдиме случајот, да спроведеме понатамошна истрага и да го потврдиме инцидентот.

Прикачувањето слика од екранот со вашиот извештај во голема мера нѝ помага во следењето на случајот. Дополнително, таа служи како валидна документација за Вашиот извештај, бидејќи објавите понекогаш може да исчезнат со текот на времето од страницата од каде што се случил инцидентот (deleted, unsent, итн.). Сликата од екранот нѝ овозможува следење на овие случаи.

Во моментов, можеме да обработиме само една слика од екранот за еден инцидент. Ако е потребно да прикачите повеќе слики од екранот поврзани со тековен инцидент (на пр., следење или сајбер-малтретирање), Ве молиме креирајте посебни извештаи за секој инцидент. Може да вклучите детали во врска со различните извештаи во полето за опис, што ќе нѝ овозможи да ги поврземе заедно.

Обезбедете што е можно повеќе детали за да нѝ помогнете во истрагата за случајот. Ако овој инцидент е поврзан со друг случај, Ве молиме споменете го овде. Вклучете го бројот на инцидентот на сите поврзани извештаи, доколку се достапни.

Вашата е-пошта не е задолжителна, освен ако сакате да останете во понатамошен контакт при разрешување на случајот. При поднесување на изјавата имате опција да штиклирате поле како одговор на прашањето: „Дали би сакале личен совет или консултација?“. Со штиклирање на полето, се согласувате за понатамошна комуникација и целосно разрешување на инцидентот.

Ако барате личен совет, потребна е вашата е-пошта за да Ве контактираме. Имајте предвид дека Вашите лични податоци и е-пошта се доверливи и се обработуваат во строга согласност со прописите на GDPR. Никогаш не ја споделуваме Вашата е-пошта адреса со трети лица. Ако подоцна сакате да се избрише репортот, доволно е да споменете во извештајот за бришење на истиот, за нашиот ИТ тим да постапи во таа насока.

Ова поле може да биде достапно во некои од нашите партнер – земји. Доколку сакате личен совет, Ве молиме внесете валидна е-пошта за да можеме да Ве контактираме.

Ние ги обработуваме Вашите лични податоци строго во согласност со нашите правила за GDPR и никогаш не ги споделуваме со трети страни. На Ваше барање, Вашата е-пошта може да биде избришана во секое време од базата со податоци.

Со штиклирање на полето Политика за приватност, давате согласност за поднесување на извештајот и процесирање на истиот од страна на одговорните од тимот за известување. Во ова поле можете да најдете линк до Политиката за приватност.